Поранешниот претседател и премиер на Македонија и поранешен лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, стана дедо откако неговиот син Љупчо викендов стана татко на синче, кое, според најавите од семејството, би требало да биде крстено по дедото – Бранко.
Неизмерна е радоста во семејството на Бранко Црвенковски.
Поранешниот претседател и премиер на Македонија и поранешен лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, стана дедо откако неговиот син Љупчо викендов стана татко на синче, кое, според најавите од семејството, би требало да биде крстено по дедото – Бранко.
Бранко Црвенковски и сопругата Јасна имаат две деца, син Љупчо и ќерка Марија. Синот е оженет со ќерката на поранешниот директор на Комерцијална банка Скопје, Драгољуб Арсовски, кој, во времето на Владата на СДСМ во 2002-2004, ја водеше Комерцијална банка додека Хари Костов беше министер за внатрешни работи.
Инаку и поранешниот претседател Ѓорге Иванов е веќе дедо. Пред извесно време и Иванов доби внук од својот син.