Данска привремено ќе ги прераспореди своите повеќе од 130 војници од Ирак во соседен Кувајт од безбедносни причини, изјави данскиот премиер Мет Фредериксен, јави ДПА.
„Оваа одлука се темели на советите на данското воено раководство“, им кажа Фредериксен на новинарите.
Околу 30 до 40 дански војници треба да останат во авиобазата Аин ал-Асад во западен Ирак, додека другите треба да бидат прераспоредени во соседен Кувајт.
„Тоа е привремен потег“, изјави Фредериксен, пренесува ДПА.
Одлуката уследи по иранскиот ракетен напад врз Ирак.
Данските трупи што ќе бидат прераспоредени во Кувајт имаа свој придонес во тренинг мисиите во рамките на операцијата „Непоколеблива одлучност“, што има за цел зајакнување на долгорочниот капацитет на ирачките трупи да се спротивстават на милитантите на Исламска држава.