Вработените во МИА денеска повторно излегоа на предупредувачки протест во траење од половина час пред просториите на Агенцијата откако зголемувањето на платите не се најде на дневен ред на владината седница одржана на 1 август 2023 година.
Самостојниот синдикат на новинари и медиумска работници од почеток ги поддржува колегите во МИА, бидејќи оценува дека нивните барање се сосема реални и предупредува дека Агенцијата има исклучително важна улога во целокупното медиумско информирање во земјава.
Вработените во Медиумската информативна агенција на новиот протест ги повторија барањата за зголемување на платите и порамнување на трошоците за живот. Исто така вработените во МИА најавија дека по неповолниот развој на настаните одново ќе ги разгледаат другите форми на реакција односно преминување на протестот во нова фаза што би можело да претпоставува и прекин на определен период на дистрибуција на вести.
Новинарите и медиумските работници во МИА очекуваат дека за брзо време ќе се изнајде решение во полза на двете страни, а со тоа и не би имало дополнителни импликации на целиот медиумски простор во Македонија.