Египќаните што живеат во Македонија бараат да бидат внесени во Уставот, односно, во нацрт-амандманот за промена на Преамбулата да се внесе и заедницата на Египќаните и да стои „дел од египќанскиот народ“.
Барањето е испратено и до претседателот на државата, Собранието и Делегацијата на ЕУ во Скопје, а е од потпишано од проф. д-р Рубин Земон, универзитетски професор и поранешен пратеник, здружението на Египќаните во Македонија-Пирамида ЗЕМ, Арбен Демироски- претседател, здружение на Балканските Египќани во Република Македонија, Аднан Ашимоски, претседател и Асоцијација за интеграција на Египќаните „Птах 2013“ Струга, Тони Бичак, претседател.
Египќаните се повикуваат на Повелбата на Обединтетите нации, Општата декларација на правата на човекот, завршниот акт на ОБСЕ, Конвенцијата на Советот на Европа и други меѓународни документи.
Според последниот попис во Македонија живеат 2406 Египќани.