Ѓоко ВЕЛКОВСКИ

На ден 12 Септември 2022 година, на одржана прес-конференција од страна на градоначалничката Данела Арсовска се изнесени невистинити тврдења за факти штетни за мојата чест и углед, кои што потоа се пренесени преку соопштение до јавност од кабинетот на Градот Скопје.

Со индигнација ги отфрлам тврдењата дека на било кој начин сум работел несовесно и сум влијаел на процесот за избор на компанија за пречистителната станица!

Се работи за клеветничка изјава која го нарушува мојот углед и чест.

Оттука, а согласно одредбите од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, член 13 и 14, барам од Арсовска во целост да ја повлече изјавата и да се извини за невистините и лагите кои ги шири и со кои ја манипулира јавноста.

Во спротивно, доколку не постапи по ова барање во законски предвидениот рок од 48 часа, ќе поднесам тужба за утврдување граѓанска одговорност за клевета.