„Штотуку ме информираа дека мојот резултат на тестирањето на Ковид-19 е негативен. Иако според проценката на епидемиолозите јас не бев во ризик, сепак одлучив да останам во самоизолација. Негативниот резултат го добивам на осмиот ден од самоизолацијата во која останувам до истекот на инкубациониот период од 14 дена“, објави пред малку Венко Филипче, кој замина во изолација по средбта во Куманово со кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, кој некој ден потоа доби позитивен резултат на Ковид 19, за денеска да објави дека и тој и сопругата с се негативни, по извршени тестирања во приватна клиника.

Негитвен е и резултатот на Оливер Спасовски, кој тој ден исто така беше дел од екипата во Куманово, а кој исто така е во изолација.