На социјалните мрежи се споделуваат две фотографии направени после 13 часот кога треба да има ефтина струја, а на кои се гледа дека броилото работи во скапата, а не ефтината тарифа.
Броилото е од новите, што значи не спаѓа во групата броила чии домаќинства ќе останат без ефтина струја затоа што се од стар тип кај кои треба рачно подесување.
Тоа покажува дека и кај новите броила процесот не се одвивал автоматски, односно дека не сите домаќинства кои имаат од таквите броила користат ефтина струја во периодот меѓѕ 13 и 15 часот.
Инаку, како што забележувате на втората фотографија, стрелката покажува на Т1, што значи скапа тарифа, наместо на Т2 што значи ефтина тарифа.