Екологисти од Неготино ќе вршат обуки за одгледување печурки во средни земјоделски училишта во Македонија.
Како што информираше денеска Кристина Тодорова, дипломиран земјоделски инженер, обуките ќе стартуваат во октомври.
– Ние всушност ќе вршиме обуки во училиштата како да го преработуваат отпадот во циркуларна економија, да добијат храна во краток временски период, во рамките на проектот финансиран од ЕУ и во партнерство со три невладини организации од кои една од Чешка и две од земјава, појасни Тодорова, долгогодишен активист во Здружението за заштита на природата Ековита.
Таа додаде дека обуките ќе вклучат и активности околу тоа како да се користи органскиот отпад, но и да се одгледуваат инсекти како храна за животни и калифорниски црви за добивање на хумус.
Фото: Ековита