На традиционалното и јубилејно 40-то искачување на Титов врв во организација на планинарскиот клуб „Љуботен“, подвигот им успеа на околу 50-тина планинари и покрај невремето кое претпладнево го зафати тетовскиот регион.
Околу 200 планинари походот го започнаа утринава околу 6.30 часот, а најбрзите 50-тина стигнале до Титов врв обвиен во магла. Поради тоа на останатите од групата што тргнаа кон врвот согласно планинарски пропозиции им е препорачано да го прекинат искачувањето.
-Првата побрза група која стигна до Титов врв, предводена од Надир Мурсели, алармираше дека е лошо времето на врвот. Остатокот од групата беше месноста Седло и поради лошите временски услови мораше тука мораше да се прекине искачувањето. Имавме среќа што невремето не фати ниско долу на враќање од Вакуф кон Попова Шапка. Сите 200 луѓе живи и здрави се вратија назад на Попова Шапка со што можеме да кажеме дека успешно се организиравме и покрај лошите временски услови, изјави Јован Божиновски, претседател на ПК „Љуботен“.
Највисокиот шарпланински врв е висок 2747 метри.