Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше средба со Рајнхард Прибе, поранешен директор во Европската Комисија и предводник на групата експерти за системски прашања од областа на владеењето на правото.
На средбата, како што соопшти Кабинетот на претседателот, Прибе го запозна Пендаровски со тековните ангажмани и планови.
Поранешниот директор во ЕК ја нагласи важноста на владеењето на правото во процесот на евроинтеграциите, се посочува во соопштението.
Прибе доаѓа во РМ на денот кога Бујар Османи изјави дека реформите во правосудството биле извршени, а СДСМ се пофали дека третата власт е независна.
Инаку, Прибе беше дел од странската машинерија која го подготвуваше теренот за смената на претходната власт со цел промена на името.
Тој изготви извештај за Македонија со кој го критикуваше фукнционирањето на правото во тоа време, а на чело на телото за реформи во правосудството по смената на власта, застана Зоран Заев.
Нема детали дали и со кој ептитет Пендаровски го почестил Прибе при средбата, како што тоа го стори при познатата средба со Борисов.
Досега не сме чуле дека Прибе имал забелешки за функционирањето на правото во РМ по смената на власта, почнувајќи од изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието па до денес.