Успех на студентите на прв академски час во оваа студиска година на Правниот факултет во Скопје, заедно со министерот Никола Тупанчевски, им посака и екс генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, против кого се води судски процес.

На првиот академски час на факултетот Јустинијан Први заедно со Тупанчевски и други професори успешна година на студентите им посака и Рашковски, кој е професор на овој факултет.

Тој беше генерален секретар во Владата на Зоран Заев до објавувањето на аферата Софтвери, по што следуваше обвинение и судски процес за два тендери, како и исплата на хонорари од кои, според обвинителството, Рашковски еден дел зел за себе.