Мирсада, според фотографијата што ја објави на социјалната мрежа Инстаграм, ужива на одмор во Макарска.

Мирсада Хаџиќ (16), од Босанска Дубица, ја исполни својата голема желба да оди на море. Нејзината приказна ја пренесоа  речиси сите медиуми во БиХ и регионот.

Невообичаената приказна за една млада девојка од Босанска Дубица, која работејќи најтешките физички работи, секојдневно се бори да му помогне на своето семејство, многу луѓе остави без зборови. Особено, јавноста ја забележа нејзината желба да оди на море.

– Никогаш не сум била на море. Никогаш не сум го почувствувала тој мирис на морето, тој песок што сите во моето друштво го почувствувале и влегле во тоа море, а јас зависи дали ќе одам на море, бидејќи имам се повеќе и повеќе работа во земјоделството – рече Мирсада.

View this post on Instagram

?

A post shared by Mirsada Hadžić ♡ (@hadzicka_2) on