Во Белград синоќа се одржа 14-от граѓански протест „Еден од пет милиони“ против власта на претседателот Александар Вучиќ и неговата Српската напредна партија (СНС).
Покрај Белград, завчера и вчера традиционално се одржаа граѓански потести и во Нови Сад, Ниш, Крагуевац, Ужице и во повеќе други градови ширум Србија, на кои за првпат почнаа да говорат преставници на опозицијата.
По традиција, граѓаните протестното шетање низ централните белградски улици го започнаа во 18 часот пред Платотото на Филозовскиот факултет, каде говореше публицистот Владимир Димитријевиќ, а во чест на одбележувањето на познатите демонстрации пред 28 години, на 9 март 1991 година, пред Теразијската чешма говореше актерот и член на Демократската странка (ДС) Бранислав Лекиќ.
Протестите беа одбележани со „блокада за предупредување“ на зградата на РТС, под паролата „Доста ве гледавме вас, сега ќе не гледате нас“. Колоната „ја опколи“ зградата на РТС, на која беа залепени налепниците со „лаги“, беше развиен транспарентен “1 од 5 милиони” и преку перфоманс емитуван „Дневник на слободна Србија“.
Како што најавија организаторите, “блокада на предупредувањето” е резултат на игнорирањето на барањата за професионално известување кои беа испратени до директорот на РТС, Драган Бујошевиќ и уредникот на информативната програма Ненад Љ. Стефановиќ кое беше испратено од страна на демонстрантите пред повеќе од еден месец.
Колегиумот на Радио Телевизија на Србија претходно соопшти дека со најавената блокада на зградата на РТС, организаторите „ја преминуваат границата која постои меѓу легитимните протести и нелегитимниот притисок врз сите вработени во јавниот сервис”. Одговорот од организаторите на протестот, беше дека ова не е притисок врз вработените, туку на раководството на јавниот сервис.
Во пресрет на “блокадата на предупредување“ на РТС, а по повод деветомартовските демонстрации од 1991 година, актерот Бранислав Лекиќ изјави дека секоја влада доаѓа во ситуација да биде корумпирана-ако не постои четврти столб на општеството, а тоа е демократското јавно мислење – граѓанската свест.
Тој рече дека во 1991 година барале од РТС да ја отвори вратата за оние со поинакво мислење, а не само за оние кои “пеат една иста песна, по налог на водачот”.
-„Сега имаме ситуација во која Бастиља се размножи, на повеќе национални фрекфенции…“
Лекиќ најави голем протест во мај и повика на собир на 12-ти март, на годишнината од смртта на премиерот Зоран Ѓинfиќ.
Протесните прошетки во Белград влегоа во четвртиот месец откако на 30 ноември почнаа да се одржуваат во Крушевац по нападот на еден од основачите на Сојузот за Србија (СзС) и лидер на Левицата на Србија Борко Стефановиќ.
Од еден од протестите, упатен е повик за договор и барање до опозицијата да претстави конкретен план за тоа што ќе направи за промена на системот во Србија, за да власта биде сервис на граѓаните.
По ова барање, повеќето опозициски партии и организации им понудија на граѓаните “Договор со народот”, односно предлог мерки за обезбедување на фер избори и враќање на демократските принципи и владеењето на правото по победата над сегашната власт.
Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој е на неговата кампања „Иднината на Србија“, по повод најавите дека граѓаните од цела Србија на денот на победата над фашизмот, на 9-ти мај ќе протестираат пред зградата на Претседателството, изјави дека “ќе дојдат љотичевци, да се борат против фашизмот”