Со тимот на Галеника, учесници на 17 издание на Скопскиот маратон трчавме и разговаравме за здравствените придобивките од трчањето и маратоните.
Стартот за здрава и енергична заедница се рекреативните спортови, а можноста да има услови граѓаните да ги почувствуваат придобивките од рекреативното спортување, се впрочем придобивки за целата заедница. Врвот на едно вакво рекреативно спортување, викендов, се случи во Скопје. Со над 6000 тркачи учесници во најголемото случување, по 17 – пат се, одржа Скопскиот маратон и годинава во трките се приклучи и тимот на , српскиот фармацевтски гигант Галеника.
Под слоганот „Посветени на луѓето, верни на здравјето“ на маратонот учествуваа вработените од македонското претставништво, гости од дирекцијата во Србија и нивни пријатели.
„Нашиот главен бизнис е да одговориме на потребите на заедницата од аспект да ја одржиме нејзината добросостојба. Физичката активност е еден од стожерите за здрава заедница, односно здрав граѓанин, а трчањето е една од најпопуларните рекреативни спортови. Сепак, тука сме како тим, преку кој градиме и социјални врски кои помагаат да се зајакне и нашиот тим на вработени, но и да бидеме дел од една активна заедница која ужива во рекреација е и среќна заедница. Впрочем и заедницата преку физичката активност на поединците полесно ги гледа резултатите или придобивките од рекреативното спортување, како што се менталната, емотивната и социјалната благосостојба“, вели Даниел Јаневски, генерален директор во Галеника, Северна Македонија.
Придобивките од рекреативното спортување се многу, како за заедницата, така и за индивидуалецот, кој пред се има здравствени придобивки. Посебно за трчањето може да се сложиме дека последните 10-тина години е еден од најактуелните рекреации во Скопје. Се трча на Кеј, на Водно, се посетува секоја локација каде има услови за трчање. А оние кои еднаш ќе почнат, ги набројуваат сличните здравствени бенефити: поцврсти мускули, подобра кардиоваскуларна кондиција, поцврсти коски бидејќи е вежба во која секој носи тежина (сопствената), согорува повеќе калории од она што ќе го изеде и се разбира, помага да се одржи здрава тежина.
Сите овие придобивки се рефлектираат врз една среќна и здрава индивидуа, со поголема самопочит и самодоверба. Расте и чувството за креативност, а уривајќи ги личните рекорди расте и чувството за достигнување. Покрај забавата, личноста чувствува и поголемо задоволство и намалување на стресот. Трчањето маратон, исто така, создава упорност, истрајност и волја за успех и фокус да се стигне до целта.
Има и една друга страна на рекреативните спортови, а тоа е дека позитивно влијаат врз животната средина. Особено трчањето, затоа што целата заедница мора да придонесе да креира физички услови за спортување.
Затоа, не губете ниту една минута. Направете нешто ЗАБАВНО, искористете ги можностите за рекреативно трчање, затоа што и придобивките се бесконечни!