Англиските премиерлигаши се согласија да воведат зимска пауза што е историски чекор со кој на играчите им се дава шанса за одмор во исклучително пренатрупаното со мечеви сезона, објави Фудбалската асоцијација.
Паузата која ќе ја добијат 20-те тима, ќе трае една недела во февруари, почнувајќи во сезоната 2019-2020.
Шефот на Фудбалската асоцијација Мартин Глен изјави: „Ова е значаен момент за англискиот фудбал и тој веруваме ќе им користи и на клубовите и на земјата“.
Глен додаде дека нервозниот распоред за Божик и за Нова Година станал се поконтроверзно прашање, на кое реагирале навивачи и играчи, а позната е изјава на менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, кој за Би-би-си изјави дека „со ваков распоред на мечеви ние ќе ги убиеме играчите“.
Како и да е според распоредот, во Англија фудбал ќе се гра за Божик, затоа што тие тоа го обожуваат.