Времето до крајот на денот ќе биде умерено до значително облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град и силен ветер.
Во Скопската котлина ќе продолжи да биде ветровито со засилен северен ветер, а до крајот на денот ќе има и појава на пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето утре ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и грмежи, претежно во јужните делови. Ќе биде значително посвежо и ветровито со умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната од 26 до 33 степени.
Во Скопје променливо облачно и ветровито со засилен северен ветер и темпетраура од 18 до 28 степени.
Во петок се уште ќе има услови за локален дожд. Од сабота следува период на стабилно време со постепен пораст на температурата.