Позитивниот извештај на Европската комисија е доказ дека Македонија оди по вистинскиот пат, рече на денешната прес-конференција пратеникот Самка Ибраимоски.
– Не само што ЕК ни даде позитивен извештај, туку овој пат ја потврди и мојата работа во Собранието, односно на Интерпарламентарната група во делот на ромското прашање, рече тој,
Ромите, како што посочи, повторно се на највисок ризик на сиромаштија и додаде дека има простор за работа по однос на подобрување на состојбата на Ромите.
-Сиромаштијата останува сериозен проблем, но со новиот Закон за социјална заштита се очекува подобрување на сиромашните невработени лица и гарантирано минимално ниво на помош, рече Ибраимоски.
Во делот на образованието, како што рече, сé уште постојат бариери за редовно и квалитетно образование, а сегрегацијата во училиштата останува висока.
Тој апелираше за систематско решавање на проблемите на Ромите и за решавање на проблемот со децата на улиц