Исламска држава во синоќешната аудио порака тврди дека пандемијата со Ковид-19 е „божја казна“ за нејзините непријатели и се закани со нови напади.
Пораката наводно ја снимил портпаролот на терористичката група Абу Хамза ал Кураиши, но неговиот идентитет не е потврден.
– Бог со својата волја испрати казна до тираните на ова време и нивните следбеници. Задоволни сме поради казната што Ви ја испрати бог, се наведува во аудио пораката објавена на сајт на ИД.
Тоа е трета аудио порака на ИД откако е именуван новиот лидер на ИД, Абу Ибрахим ал Хашеми ал Кураиши, откако американските специјалн единици кон крајот на минатата година го елиминираа во Сирија Бакр ал Багдади.
Во пораката се повикуваат борците на ИД „да ги подготват сите расположливи сили и да бидат пожестоки кон божјите непријатели“.
– Не дозволувајте да помине ниту еден ден, а да не им го направите животот ужасен, се истакнува во пораката.
Но, не се наведени евентуалните мети, но се истакнува дека ИД е активна во Сирија и во Ирак, но и во Западна Африка.