Идентификуван е и вториот насилник од двајцата кои упатуваа сериозни закани кон група патници во автобус на ЈСП, објави Сител.

Полицијата истражува дали освен вербалните закани и навреди во инцидентот имало и физички напад.

Завчера полицијата го приведе едниот кој и порано нападнал службеник на ЈСП кој му барал билет.