Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска издадоа предупредување за евакуација на Палестинците кои живеат во еден дел од градот Газа, пред да нападнат цели на Хамас.

– Со оглед на тоа дека терористичката организација Хамас користи цивилни подрачја за терористички активности, Израелските одбранбени сили (ИДФ) ќе го нападнат тоа подрачје со голема сила. Заради ваша безбедност, веднаш евакуирајте го подрачјето, изјави портпаролот на ИДФ, полковник Авихај Адреи, во објава на Х, пренесе Тајмс оф Израел.

На палестинските цивили им беше наложено да се упатат кон југ и да „избегнуваат враќање во опасни подрачја“.