Милитантната група Хамас користела тунел под Европската болница во градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа како еден од своите главни командни центри за време на нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година, соопшти денес израелската војска.

Во нападот врз тунелот на 13 мај е убиен лидерот на Хамас, Мухамед Синвар, заедно со други високи команданти на милитантната група, објави „Тајмс оф Израел“.

Тој е помладиот брат на поранешниот лидер на Хамас во Газа, Јахја Синвар, кој беше убиен од израелската армија во јужна Газа минатиот октомври.