Израелските одбранбени сили (ИДФ) го осудија однесувањето на некои од нивните војници кои беа снимени како пеат и се молат во џамија во Џенин на окупираниот Западен Брег.
Ова се случи за време на операција против милитанти во градот, во која досега се убиени 11 Палестинци, соопшти палестинското Министерство за здравство.
From a mosque in Jenin. 🇮🇱 pic.twitter.com/UO1lCEnZ6X
— Mossad Commentary (@MOSSADil) December 13, 2023
ИДФ најави дека војниците „ќе бидат соодветно санкционирани“. Тие додадоа дека ќе дејствуваат и во други слични случаи регистрирани во Газа. На социјалните мрежи се шират неколку видеа на кои се гледаат сцени од џамијата. На една снимка, одекнува песна за бркање на темнината, поврзана со актуелниот еврејски празник Ханука, преку звучниците во минарето.
⚡️Video showing the muslim call to prayer being played in a Synagogue in Tel Aviv in response to the playing of Talmudic songs in a mosque in Jenin. pic.twitter.com/LzIEVcnoGe
— War Monitor (@WarMonitors) December 14, 2023
Лицето што снима се смее и се придружува на песната. Други клипови покажуваат војници во џамија како рецитираат еврејска молитва на микрофон. Палестинското Министерство за надворешни работи го осуди како што го нарече „исмејување на светоста“. ИДФ во денешното соопштение потврди дека војниците „дејствувале против кодексот на однесување на ИДФ во верска институција“.
Во соопштението за печатот се наведува дека одговорните биле „веднаш отстранети од оперативните активности“. „Однесувањето на војниците на видеата е сериозно и целосно е во спротивност со вредностите на ИДФ“,е истакнато. Инцидентите во Џенин не се првпат израелските војници да добиваат прекор поради лошото однесување кое било снимено, а потоа објавено на социјалните мрежи.
⚡️Zionist militants take over a Mosque in Jenin and performs what sounds like Talmudic songs pic.twitter.com/fmr3J6A3ox
— War Monitor (@WarMonitors) December 14, 2023
Така се појавија низа проблематични видеа: војник крши продавница за играчки, додека лицето зад камерата се смее; војници кои палат алишта во задниот дел на камион и друг кој претура по женска облека во нешто што изгледа како приватна резиденција. Во неделата, портпаролот на ИДФ, контраадмирал Даниел Хагари, го осуди однесувањето на војниците, пишува Би-Би-Си.
„Силите на ИДФ функционираат во согласност со вредностите и духот на ИДФ. Од војниците на бојното поле се бара да се однесуваат професионално и етички, а ние нема да правиме компромиси за ова. Во секој случај, видеата не се во согласност со вредностите на ИДФ, ќе бидат преземени командни и дисциплински чекори“, рече тој.