По веста за одлуката на Грција, која усвоила декрет за проширува на територијалните води за 12 милји во Јонско Море, остро реагираше Партијата за правда, интегритет и единство на Шпетим Идризи, во која главно членуваат припадници на протераните Албанци-Чами, од истоимената област во Грција.
Според партијата на денот кога „се слави Божик и во време кога Грција се соочува со национална фрустрација поради пандемијата со Ковид-19“, Врховниот државен совет на Грција ја одобрил претседателската уредба за проширување на територијалните води во Јонското Море за 12 милји.
Во реакцијата се бара премиерот Рама да се појави пред Албанците и да даде објаснувања за тоа каков договор постигнал со неговиот грчки колега Мицотакис во септември и оти Албанците денес сакаат да знаат што му било ветено на Еди Рама на оваа „погрешна вечера“, а потоа и при посетата на министерот за надворешни работи Дендијас во Тирана.
-Според член 15 од „Конвенцијата за правото на морето“ на Montego Bay се појаснува дека „за да се прошират морските територијални води, страните мора да постигнат договор“. Затоа, Еди Рама мора да се појави пред Албанците и да даде објаснување за тоа каков договор постигнал со премиерот на Грција Мицотакис во септември. Албанците денес сакаат
да знаат што му било ветено на Еди Рама на оваа „погрешна вечера“, а потоа и при посетата на министерот за надворешни работи Дендијас во Тирана, стои во реакцијата.
Албанците денес, се наведува понатаму, сакаат да слушнат кои се правата и побарувањата на Република Албанија за делегитимирање на водите во Јонско Море и проектот каде се истите изнесени.
-Ние со нетрпение очекуваме да ја слушнеме од Еди Рама албанската агенда за застапување на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, информациите за укинувањето на Законот за војна со Грција и прашањето за Албанците од Чамерија. Досега Еди Рама не стори ништо друго освен да ги оправда тврдењата на грчката страна. Албанскиот премиер не го слуша својот народ, опозицијата, институцијата Претседател, ниту експертите за морски прашања, посочува ПДИУ.
Се нагласува дека додека Албанците чекаат фер поделба на морскиот простор во Меѓународниот суд, од „албанската држава мртва тишина“, што јасно го покажува „договорот“ постигнат меѓу двете страни. Но, смета партијата, вистината што премиерот ја споделува со Грција за разграничување, не е вистината на албанскиот народ.
Партијата ги повика граѓани на протест за да се „одбранат албанските територијалните води кои ги продал Рама“.