Иџет Мемети се спогоди со обвинителството за условна осуда, а и суспендираниот врховен судија Наке Георгиев е на пат да се спогоди за предметот со 10-те илјади евра од синот на екс градоначалникот на Ново Село Боро Стојчев.
Осомничени за примање награда за против законито влијание, на Мемети му се закануваше казна затвор од 1 до 5 години, а на Георгиев од 1 до 10 години.
Кривичен ја потврдил спогодбата со која покрај условената една година затвор која нема да ја одлежи доколку три години не стори ново кривично дело Мемети добил забрана за вршење професија во рок од 3 години.
Паралено поднел и оставка до Собранието како член на советот на јавни обвинитеи каде до пред оваа истрага беше и заемник претседател.
Тој признал вина дека го искористил своето влијание и преку врховниот судија Георгиев му пренел на синот на осомничениот екс градоначалник на Ново Село Стојчев дека наводно интервенирал неговиот татко да добие спогодба наместо обвинение за шверц на марихуана.
Мемети и Георгиев се договарале преку апликацијата Ватсап но Мемети не знаел дека ги слуша свеодокот, синот на Боро Сточјев, стои во соопштението од обвинителството.
Во еден од тие разговори, сведокот дознал дека наводно од страна на И.М. бил даден налог за спогодување со таткото на сведокот и дека ќе биде одобрено барањето за склучување на предлог спогодба со осомничениот – татко на сведокот. Притоа на сведокот од страна на осомничениот Н.Г. му било предочено дека при утврдување на видот и висината на казната ќе биде предложена и утврдена казна затвор од 5 (пет) години, како минимална казна за предметното кривично дело, соопштија од ОЈО за гонење организиран криминал и корупција.
И Наке Георгиев иницирал спогодба со обвинителството од каде велат дека е во тек постпаката но за оваа спогода но најавуваат дека би се утврдила ефективна казна затвор наспроти условната на Мемети.
Наке Георгиев беше приведен со 10 илјади евра на паркинг во Скопје, пари кои му ги предал синот на Стојчев. Неодамна тврдеше дека Стојчев помладиот го наместил. Дека не сторил ништо незаконско, пред медимите тврдеше и поранешниот народен правобранител Иџет Мемети. На крајот на истрагата и по увидот во доказите одлучил да признае вина и да се спогоди.
Мемети се брани од слобода додека Георгиев е во Шутка речиси три месеци а деновиве скопска Апелација ја одбила неговата жалба за притворот.
Од обвинителството велат дека една од причините за прифаќање на спогодбите е тоа на тој начин и во ситуација кога имаат доволно докази се крати траењето на кривичната постапка.