Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, вечерва гостуваше во емисијата „Топ тема“ каде дебатираше за најновата анкета на „МЦМС“ за претседателски избори.
-Има доста контардикторности и несовпаѓања особено во споредбите кои што се правени подолу во самата анкета. Меѓутоа и изненадува и влезот на самата анкета во однос на излезеноста. И можам слободно да кажам дека ненормалниот низок праг на неопределени на „не знам“ или „одбива да одговори“, што досега не било случај и воопшто и не знам колку можеме да се потпреме на овие резултати, истакна Јанушев.
Додаде дека според анкетата, ќе има над 68% излезеност што е невозможно да се случи на овие избори.
-Од друга страна од она што можев да видам, анкетите не се воопшто пресликани, адаптирани на реалната ситуација во Република Македонија. Зошто? Бидејќи ова е земено дека во Република Македонија запишаните избирачи се нешто на 1 милион и 800 илјади и на нив се аплицирани процентите од кои ги имаме од последниот попис, каде што бројките од сега воопшто не соодвестуваат, нагласи Јанушев.
Истовремено, Јанушев, нагласи дека анкетата на МЦМС за претстојните избори нема логика.
-Во скопскиот регион, Гордана Силјановска има предност од 2.5%. А, да не кажувам дека Скопје е пола Македонија, ако не и повеќе во однос на гласачи. Од друга страна во споредба на гласови град-село, Стево Пендаровски води за истата разлика. Значи не е возможно да имаме вакви бројки.
Јанушев додаде дека ако се соберат сите градови, бројката е скоро како Скопје, и таму има град-село разлика каде што Пендаровски води, а од друга страна е Скопје како урбан дел, каде што има најголема концентрација на гласови, нема логика анкетата.