Во недела, на 25ти април, да не обедини љубовта кон Татковината, зошто Македонија на сите нас ни е Татковина, без обзир на која нација и вера припаѓаме!

Сите ние сме деца на Македонија!

Доста е од поделби, само кога сме единствени сме силни!

Јас по националност сум Хрват, но верен сум на земјата во која израснав, која ме школуваше, на земјата во која растат и се школуваат моите деца , тоа е должност на секој лојален граѓанин на една земја!

Ќе си земам за право да ги повикам моите сонародници Хрвати кои живеат во Македонија, на 25ти април да дојдат и да дадат поддршка на протестот!

Излезете браќа, за мене, за Јане, за Горан, за Вили, за Луди, за Мацо, за Миле, за Оли, за Тошта, за Коста и за сите останати браќа кои ја делат нашата судбина по занданите!

САМО СО СЛОГА СЕ ПОБЕДУВА НЕПРАВДАТА!

Игор Југ