Игор ЈУГ
Нино, не те спомнувам и не ти се заблагодарив, тоа е голема грешка што треба да ја исправам!
Ова е мојот адвокат Нинослав Јакимовски, човек кој ме бранеше на 100 судски рочишта без никаков надомест, а и денес про боно ми помага во решавањето на сите правни постапки.
Во состоба е да се степа со мене кога ќе споменам нешто поврзано со плаќањето за неговите услуги.
Се уште има луѓе! Адвокате, благодарам од се срце. Јас и ти ќе продолжиме да се „јадеме“ околу некоја работа, но факт е дека си голем човек кон мене и моето семејство, а јас цел живот ќе ти бидам должник!
П.С. За останатите, сепак го имам истото мислење, но во овој пост нема да ги спомнам, чисто од почит кон тебе!