Пациентот со цистична фиброза Игор Пехчевски кои во изминатиот период се бореше за добивање на лекот Трикафта, конечно денеска го доби.
Тој на својот Фејсбук профил истакна дека од денеска почнува со примање на овој лек кој за него значи живот.
„Денеска почнувам со примање на долго очекуваниот и РЕВОЛУЦИОНЕРЕН лек ТРИКАФТА кој за мене ЖИВОТ значи. Пресреќен сум за тоа што Макотрпната и долга борба конечно вроди со плод. Мојот сон стана реалност. Дојде и тој денот кога ЦФ почнува да значи ЦЕЛОСНО ФУНКЦИОНАЛНИ наместо Цистична фиброза. Им посакувам на моите соборци што поскоро СИТЕ да го добијат лекот“, напиша Пехчевски.