Бегалецот Игор Спасов кој е осуден за убиството на Мартин Нешковски е фатен денес во Софија, дознава МКД.мк од свои извори. Според првичните информации, поранешниот специјалец Спасов е фатен околу 15 часот. Денес МКД.мк објави дека од бегството на Спасов помина повеќе од една година и ги објави изјавите кои по неговото бегство ги дадоа Зоран Заев, Оливер Спасовски.
Порталот се пожали и дека на неговите прашања, ЈО не одговара.
Спасов ќе биде во притвор во Бугарија, а Македонија ќе треба д апочне екстрадициона постапка.