Игор Спасов вратен во Идризово

/ 05.03.2021

Игор Спасов, обвинет за убиството на Мартин Нешковски, денеска итно бил есктрадиран од Бугарија, и веднаш завршил во затворот Идризово на отслужување на казната.

Бугарските органи одговорија позитивно по барањето за екстрадиција на лицето Игор Спасов назад во Македонија, информираат денеска од Министерството за правда.

-По барањето на Министерството за правда до бугарските органи за екстрадиција на лицето Игор Спасов назад во Македонија, на 26.02.2021 Градскиот суд во Софија, донесе одлука да дозволи негова итна екстрадиција назад во земјата, се вели во соопштението од МП.

Барањето за екстрадиција, се вели во соопштенито, е потпишано од министерот за правда Бојан Маричиќ на 10.02.2021 година.

Поранешниот припадник на специјалните едници на МВР – Игор Спасов, кој е осуден за убиство на Мартин Нешковски, беше уапсен во Софија на почетокот на месецот.

МВР распиша меѓународна потерница за Спасов на крајот на октомври 2019 година откако тој не се врати во затворот по завршување на лекувањето. Тој се бара за доиздржување на казна затвор од седум години и три месеци, стои на веб страницата на нашето МВР.


Од истата категорија