Каков татко, таква ќерка, или каква мајка таков син. Дали е тоа навистина така и што се случува во генетските кодови, кога и двајцата родители имаат кафени очи, а добиваат дете, кое, како има, на пример, сини? Не, не се разботи за познатото „личи на комшијата”, туку за игра на генетиката, која прави интересни комбинации на хромозомите, иако вие двајцата воопшто ги  немате тие карактеристики.

Истражување на Универзитетот Стенфорд покажало како доаѓа до наседување на бојата на очите, но и други црти и карактеристики.

Освен во неколку посебни случаи, не е посебно предодредено што кој родител ви дава, односно што од кого наследувате. Ако  се работи за доминантни гени, тие ќе бидат доминантни без разлика дали доаѓаат од таткото или од мајката. Ако вашиот татко има доминантен ген за боја на очите, ќе ја наследите истата боја од него. Меѓутоа, ако се работи за рецесивен ген, децата можат да имаат боја на очи што нивните родители ја немаат и да дадат сосема нов ген. Тоа објаснува зошто понекогаш се случува луѓето кои, на пример, немаат црвена коса или кафени очи, да добијат дете со кафени очи и црвена боја на коса.

Како што можете да видите, генетиката е комплицирана работа. Единственото нешто што го знаеме е дека секогаш сме наклонети кон еден родител, што повторно зависи од комбинацијата на гените што ги добиваме преку родителите. Ќе се обидеме едноставно да покажеме како функционира генетиката, а потоа да дадеме примери каде што е видливо што добиваме од кој родител.

Да земеме, на пример, дете на мајка со кафеава очи и татко со сини очи. Бидејќи кафените очи се доминантни, мајката може да има гени за кафени очи или еден ген за една, а друг за друга боја на очите. Со цел да се олесни разбирањето, да речеме дека ќе  ги има двата гени за кафеава боја. Бидејќи таткото има сини очи, тој има две копии од рецесивен ген за сини очи.

Секој родител ќе пренесе една копија од генот на своето дете. Во овој случај, мајката ќе го пренесе доминантниот ген, а таткото рецесивниот. Тоа значи дека детето ќе ја има бојата на очите на мајката, токму поради тоа што таа  имала доминантни гени. Ист е случајот и ако таткото има доминантен пар на гени, бидејќи тогаш детето повторно добива генетски пар кој е доминантен, што автоматски значи дека ќе ја наследат бојата на очите на родител кој ги има.

Студијата на Универзитетот Стендфорд, исто така, потврдува дека момчињата од мајката наследуваат само еден Х хромозом, кој е богат со гени кои влијаат на физичкиот изглед. Татковски X хромозомот е осиромашен со такви гени, па затоа момчињата може да личат на мајката, а девојчињата не мора нужно на таткото, бидејќи добиваат по еден Х хромозом од двајцата родители.

Големи уши, според ова истражување, обично доаѓаат во наследство од татковците, додека косата и нејзиниот квалитет од мајката. Ако сте маж, погледнете го вујкото и ќе знаете како вашата коса ќе изгледа во подоцнежните години. Значи, постојат различни хромозомски соединенија кои на крајот ќе му дадат производот на вашето дете токму онаков каков што треба да биде. Уникатно, посебно и на себе својствен начин поинакво. Карактеристиките се заслуга и на двајцата родители, па не го обвинувајте својот сопруг ако видите дека детето е исклучително тврдоглаво. Погледнете се себеси и анализирајте ги вашите особини.