Во засебен извештај, на Институтот за јавно здравје во декември се бележи пораст од близу 93 проценти на заразни заболувања. На територијата на Македонија најмногу има пријавено заболени од овчата сипаница – 1.025, а во овој период биле регистрирани биле четири нови случаи на голема кашлица. Зголемување има и на сексуално преносливите болести, еден заболен од ХИВ/СИДА починал, а регистрирани биле два нови случаи.
-Во декември, пријавени се два случаја потврдени на ХИВ, од машки пол, кои припаѓаат на возрасната група од 40 до 49 години. Регистриран е еден смртен случај од СИДА, пријавен како заболен во ноември, 2024 година, од машки пол, кој припаѓа на возрасната група од 20 до 29 години, пишува во извештајот на ИЈЗ.
– Овие бројки се сериозен показател за состојбата со заразните заболувања во земјава. Порастот на овчите сипаници, како и зголемената бројка на сексуално и крвно преносливи инфекции, бараат засилени превентивни мерки“, велат податоците од Институтот за јавно здравје.
Во споредба со истиот период минатата година, бројот на случаи на заразни болести пораснал за 4,6 %, а во однос на десетгодишниот просек, порастот изнесува 8%.
„Овој тренд укажува на потребата од редовна вакцинација и зголемена јавна свест за рано препознавање и превенција“, апелираат од Институтот.
Покрај значителниот пораст на заразни заболувања, во декември се евидентирани и 6 случаи на ковид-19.