Во далечната 1982 година, Јохан Кројф изведе пенал финта која пред неколку години стана фамозна откако беше повторена од Лео Меси и Луис Суарез.
Оваа атракција потоа многумина ја копираа, имаше доста неуспешни обиди, а такво нешто се случи и вечерва на дуелот помеѓу Истанбулспор и Галатасарај.
Гостите добија најстрога казна, а Актуркоглу наместо да шутира, само бавно ја турна топката во страна. Тој успеа да ги измами сите, но финтата не заврши славно откако Маурo Икарди прописно си избрука и промаши цел гол од 10-11 метри.
Аргентинецот во неверување се фати за глава, истото го сторија и неговите соиграчи.
❌ Galatasaray, penaltı atışından yararlanamadı! #TrendyolSüperLig #İSTvGS pic.twitter.com/qBNeuRPieX
— beIN SPORTS Türkiye (@beINSPORTS_TR) September 26, 2023