Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски, кој го обелодени скандалот со струшкиот универзитет, за „Што не е јасно“ со Искра Коровешовска на Алфа Телевизија открива дека за премиерот Зоран Заев не биле проблем незаконските унапредувања на универзитетот иако законот е јасен, дека тука постои криминал, за кој и амбасадорите биле изненадени.
Илиевски посочи дека за сето тоа се запознати и МВР и министерот Оливер Спасовски, каде ја доставиле целата документација и сите незаконитости на струшкиот универзитет, но се е забошотено и не се делува.
– Кога ги објавив скандалите за министерот за образование тогашен, Арбр Адеми, заменикот за внатрешни работи Агим Нухиу и за директорот на индустриска зона Сафет Емрули, ме прими шефот на кабинет на Заев. Ја доставив целокупната документација дека незаконито се унапредувале, истите земале хонорари што не незкаонито и ми беше пренесено дека ќе биде дадено до знаење до Заев. По неколку дена Заев ми напиша СМС порака дека се е законски и нема проблем. Тој треба да знае дека директор, пратеник, министер согласно член 151 од Закон за работни односи, му мирува работниот однос, тој може да извршува настава во прв циклус, но не може да се унапредува, потенцира Илиевски.
Тој појасни дека Арбр Адеми бил унапреден во доцент, Агум Нухиу унапреден предвремено со порака од струшкиот универзитет и од Тирана, а Сафет Емрули од помллад сега веќе е редовен професор.
– Ваков образовен криминал го има само во хибридни и заробени држави. Кога сето ова им го кажав на амбасадорите, ми го поставија прашањата дали нив им е хоби државната функција или на универзитетот, затоа што вакво нешто нема во Европа. Ова е скандал, нагласи Илиевски.