Илија ДИМОВСКИ

Ви требаа 7 години за да го разберете тоа што ви го зборувавме.
Направивте голема БЕЉА.
Сега е време за ОДГОВОРНОСТ.
Велевте вие ја знаете патеката кон ЕУ.
Велевте Договор со Бугарија ги затвара сите отворени прашања.
Велевте Бугарија ќе ни биде најдобар и најсилен поддржувач кон ЕУ.
Велевте дека не се чепка во македонскиот идентитет.
Велевте дека македонскиот јазик ни е бетон.
Велевте нема да се чепка во Уставот.
Велевте дека уште името и се ќе биде лесно кон ЕУ.
Велевте дека за блокадите Македонија е сама крива.
Велевте дека Грција и Бугарија ќе не внесат во ЕУ.
Велевте претходната Влада свесно ја држи Македонија под блокада.
Велевте “се е тоа во глава на вмровците”.
Велевте дека вие знаете да не однесете во Брисел.
Велевте дека институциите ќе ги направите ефикасни.
Бевте/и сте неуки на балкански надворешно-политички и историски теми.
Бевте/и сте неискусни да работите со вистински предизвици.
Бевте/и сте арогантни кога ви се велеше дека грешите.
Бевте/и сте фантазери мислејќи дека само вас ве чекаат во Европа.
Бевте/и сте без чуство за проблемите што ги предизвикавте на државата и на многу луѓе поединечно.
Бевте/и сте одговорни за рушење на институциите и довербата во нив.
Ги потрошивте најсилните аргументи и позиции што ги имаше Република Македонија,
отстапивте од сите национални и државни стратешки црвени линии,
за да денес,
после 7 години криза,
протести,
политичко обвинителство,
уништени институции,
фабрикувани судски предмети,
напади,
кршење,
закани,
тепачки,
менување име,
нарушување идентитет,
да ни кажете дека некој друг е крив.
Затоа, ОДГОВОРНОСТ!