Во организација на Здружението на граѓани „Бигорски манастир“, а со поддршка од Општина Ѓорче Петров, попладнево од реонскиот парк во Ѓорче Петров членови на Скопски коњички марш со коњаница тргна за Крушево.
Јавајќи на коњи со развеани македонски знамиња, учесниците на коњичкиот марш ја почнаа својата рута.
Предвидено е коњаницата да се придружи на централното одбележување на празникот Илинден во Крушево на 2 август.
Годинава се одбележуваат 121 година од Илинденско востание и 46 години од првиот Илинденски марш. Целта на ваквите настани, велат од Општината, е да се сочува традицијата, културата, македонските вредности и љубовта кон татковината, по пример на храбрите македонски јунаци низ историјата.