Ембла е повторно со своите соученици, но проблемот останува. Случајот од Гостивар кој го обелодени ТВ Клан, за девојчето со Даунов синдром кое е непожелно во училница, ја разбранува јавноста.
Петицијата што ја потпишале родителите на соучениците на Ембла за таа да биде отстранета од настава ја покажува незрелоста на општетството, вели Народниот правобранител кој отвори предмет.
Омбудсманот формира тим кој треба да ги провери сите наводи за случајот и да оствари средби со родителите на Ембла, но и родителите кои ја потпишале петицијата.
Од Општина Гостивар соопштија дека градоначалникот Таравари денеска го посетил училиштето откако видел дека случајот покрена низа реакции во јавноста. Во училиштето, рече тој, отишол за да ги слушне сите страни и се запознал дека проблемот започнал во декември кога родители покренале петиција
Се надевам дека случајот со мојата ќерка ќе биде последен, вели Илир Адеми, татко на 11-годишната Ембла од Гостивар откако родители од основното училиште „Единство“ покренаа петиција девојчето кое е со Даунов синдром да не учи во исто одделение со нивните деца поради агресивност.
Изјавата на таткото на Ембла ја пренесуваат од Општина Гостивар, по неговата средба со градоначалникот Арбен Таравари.
„Го поздравувам градоначалникот кој беше посветен на случајот и му благодарам што се заложи за решавање на овој проблем, се надевам дека овој случај ќе се реши и ќе биде последен со овие деца и не само за мојата ќерка, туку за сите“, вели Адеми.