Албанскиот претседател Илир Мета попладнево упати апел до граѓаните да ги почитуваат граѓанските и демократски принципи на одлука на секого „во текот на утрешниот ден“.
Преку порака на Фејсбук, Мета ги повикува албанските граѓани да се однесуваат со смиреност и мудрост.
-Почитувани граѓани, го повторувам мојот повик за почитување на граѓанските и демократски принципи на одлука, на сите во текот на утрешниот ден. Повторно ве повикувам сите да се однесувате со смиреност и мудрост. Многу е важна воздржаноста на секого. Би сакал уште еднаш да го потенцирам големото значење утре да се одржи социјалниот мир. Сите ние треба да бидеме во негова и служба на европската иднина на Албанија, стои во апелот.
Мета побара од граѓаните да избегнуваат провокации што можат да доведат до насилство, а политичките разлики да не го загрозат граѓанскиот соживот во секое семејство, населба, село, град и целото албанско општество.
Вчера доцна попладне Мета уапати апел до граѓаните да ја зачуваат смиреноста и да не потпаѓаат под провокации „за време на изборите на социјалистите“.
-Ситуацијата е јасна и од страна на изборниот законик и од Уставот. Уставниот датум на локалните избори е 13 октомври 2019 година. Што се однесува до 30 јуни, да ги почитуваме и да не се конфронтираме со сите оние сограѓани кои ќе одат на овие социјалистички избори, порача на Мета.
Апели за дистанцирање од насилство и какво било попречување на утрешниот изборен тек, упатија и амбасадите на САД, Италија, Германја, како и делегацијата на ЕУ во Тирана, која посочува дека граѓаните треба да можат да го искористат своето право на глас на регуларен и мирен начин.
Од друга страна опозицијата, која не учествува на овие избори освен апелот да не се потклекнува пред провокации кои се во интерес на „криминалната Влада на Еди Рама“, граѓаните ги повика на масовен бојкот.