Речиси 2.700 Британци побарале и добиле белгиско државјанство од 2016 година досега, откако на референдум беше изгласано Лондон да ја напушти Европската унија.
Во просек месечно имало по 90 молби што е за 10 пати повеќе во споредба со годините пред британскиот референдум.
Белгиското МВР кое ги претстави податоците, не е во состојба да посочи уште колку молби од британски граѓани очекуваат решение.
За да добијат белгиско државјанство, странци од ЕУ треба да докажат дека живееле најмалку пет години во Белгија, да знаат еден од трите официјални јазици на државата и дека се вработени.