Иранската новинска агенција Тасним на социјалните мрежи објавува видеа од повеќе ирачки градови на кои се гледаат илјадници луѓе кои се приклучуваат на почетокот на периодот на жалост во чест на врховниот водач, ајатолахот Али Хамнеи.
На видеата се гледаат луѓе кои се удираат по главите и градите, што е вообичаена пракса за жалење во Иран.
Извештаите не можат да бидат независно проверени.
Информацијата за смртта на Хамнеи ја објавија сите државни медиуми во Иран, од новинските агенции ИРНА и Фарс, до иранската државна телевизија на која беше прочитано соопштение за смртта на ајатолахот кој 37 години беше неоспорен авторитет во земјата.
Водачот и имам на муслиманите, неговото високопреосвештенство ајатолахот Сејед Али Хосеини Хамнеи, на патот на почитување и возвишување кон светото светилиште на Исламската Република Иран, ја испи слатката чиста капка мачеништвото и се придружи на Врховното небесно царство, објави презентерот на иранската државна телевизина, според преводот на Ројтерс.
Иран веста ја потврди по часови негирање на информациите кои доаѓаа од Израел дека ајатолахот е убиен. Синоќа во објава на социјалната платформа Трут соушл, американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека Хамние е мртов, додавајќи дека тоа е голема шанса за народот на Иран да си ја врати земјата.




