Илјадници Кинези денеска на социјалните мрежи му одадоа почит на докторот Ли Венлијанг, кој во февруатри минатата година почина од Ковид-19, а беше еден од првите што предупреди на опасноста од новиот коронавирус во Вухан.
Офтамологот Ли од Општата болница во Вухан, со своите колеги во декември 2019 година на социјалните мрежи ја сподели својата загриженост за ширењето на новиот коронавирус, сличен на САРС, и беше повикан од полицијата и обвинет за ширење „гласини“.
Неговата смрт од Ковид-19, на која тој се заразил од пациент, предизвика бран од тага и гнев во Кина. Интернет корисниците ги критукуваа кинеските власти за нивното управување со кризата, обвинувајќи ги дека ги кријат фактите.
Социјалната мрежа Веибо, кинескиот пандан на Твитер, остана едно од ретките места каде што корисниците се потсетуваат на траумата од почетокот на епидемијата, кога милиони жители на провинцијата Вухан и Хубеи беа заклучени во куќите под полиција надзор.
Денеска пристигнаа илјадници пораки по повод првата годишнина од смртта на младиот лекар.
„Мислев дека целиот свет ќе те заборави една година подоцна“, напиша еден корисник, додавајќи дека не бил во право и дека Ли ќе живее вечно во срцата на Кинезите.
Меѓутоа, пред болницата во Вухан немаше никаков знак на комеморација, каде лани жителите оставија цвеќиња и слики во спомен на Ли.