Повеќе од 7.400 жени од Мјанмар биле присилувани на женидба со мажи од Кина во периодот 2013 – 2017 година, објавија автори на студија. Најголем дел од жените биле присилувани и да забременат, се наведува во студијата објавена од научници од Школата за јавно здравство Џон Хопкинс Блумберг, и тајландската женска асоцијација Качин.
Студијата содржи преку 400 изјави на жени од преку 40 локации во Мјанмар и во Кина.
Кинеската политика на едно дете резултирала со разлики во популацијата во која мажите надминуваат број над жени за речиси 34 милиони луѓе и со тоа поттикнуваат трговија со жени од соседни држави. Судирите, одземање земја, и останати повреди на човекови права на мјанмарската влада во пограничните подрачја, најмногу во покраините Шан и Качин, каде илјадници жени без документи се во раце на трговци со луѓе и присилени на брак од кој не можат да излезат, нагласуваат истражувачите.
Во студијата се повикува Мјанмар да прекине внатрешни судири и да обезбеди нивни граѓани да поседуваат лични документи што би им овозможило работа во Кина. Се повикуваат и властите во Кина да овозможат на мјанмарските бегалци безбедно прибежиште и хуманитарна помош.