ИЛОН МАСК ГО ИСМЕВА ЗЕЛЕНСКИ: Поминаа пет минути, а Вие сè уште не сте побарале помош од милијарди долари

/ 02.10.2023

Сопственикот на Тесла и платформата Икс (Твитер), Илон Маск денеска објави твит со кој го исмева украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговото барање помош.

Маск на платформата Х објави постара фотографија од Зеленски и напиша „Кога ќе поминат пет минути, а Вие сè уште не сте побарале помош од милијарди долари“.

Со твитот Маск им се придружи на екстремната десница и левичари ширум светот кои тврдат дека западните земји, пред сè САД треба да престанат финансиски и воено да и помагаат на Украина и да ја остават сама да се справува со Русија.

Украинците реагираа на твитот на Маск објавувајќи порака од официјалниот профил на украинскиот Парламент Рада. Тие објавија фотографија од Маск и текст „Кога ќе поминат пет минути, а сè уште не сте ширеле руска пропаганда“.

На твитот на Маск возврати и групата „Републиканци против Трамп“, која напиша: „Зошто се потсмевате на храбар лидер, кој ја води својата нација во херојска борба за слобода? Дали имате срам?“.

Од почетокот на руската инвазија врз Украина, САД одобриле околу 113 милијарди долари помош за Киев, а американскиот претседател Џо Бајден побара од Конгресот дополнителни 24 милијарди долари.


Од истата категорија