Канадскиот милијардер Илон Маск планира да го продаде речиси целиот свој имот, напиша денеска тој на својот Твитер налог.
– Го продавам речиси целиот свој имот. Нема да имам дом, објави Маск.
Тој, исто така, напиша дека цената на акциите на „Тесла“ е премногу висока. Цената на хартиите од вредност денеска се намали за 71,81 долар, достигнувајќи 710,07 долари.
Според извештајот на Институтот за политички истражувања, објавен на 23 април, сопственикот на „Тесла“ и „Спајс Икс“ од 1 јануари до 10 април оваа година станал побогат за пет милијарди долари. Една од причините за тоа е лансирањето на механичките уреди за вентилација на компанијата „Тесла“.
Последните проценки на „Блумберг“ покажуваат дека акциите на Маск надминуваат 39,7 милијарди долари. Тој се наоѓа на 22. место на листата на најбогати луѓе во светот. Неговите главни инвестиции се во алтернативни електрични средства и комерцијални вселенски услуги.