Американскиот магнат Илон Маск изјавил дека со задоволство би помогнал во спасувањето на тајландскиот јуниорски фудбалски тим, чии 12 играчи и тренерот се заглавени во поплавена пештера.
Претходно еден корисник на „Твитер“ го праша шефот на „Тесла“, „СпејсХ-а“ и компанијата „Боринг“ дали би можел да пружи било каква помош во извлекувањето на 12 момчиња и нивниот тренер од пештерата, каде останаа заробени пред речиси две недели.
Маск неколку часа претходно одговорил потврдно, пренел порталот „Инсајдер“.
„Претпоставувам дека тајландската влада држи се под контрола, но со задоволство ќе помогнам ако постои некој начин за тоа“ напишал Маск.
Момчињата и нивниот тренер беа пронајдени во понеделникот, по девет дена од исчезнувањето. Спасувачите се во трка со времето, бидејќи наредните денови се очекуваат нови врнежи. Обилните врнежи од дожд би можеле да го подигнат нивото на водата во пештерата и да ја загрозат областа во која се наоѓа групата.