Американскиот претприемач и моментно најбогат човек на светот, Илон Маск, планира да донира приближно 45 милиони долари месечно на новиот политички акциски комитет, кој ја поддржува претседателската кандидатура на Доналд Трамп, пишува „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на анонимни добро информирани извори.
Комитетот America PAC, основан на крајот на мај, е финансиски поддржан од други познати личности од технолошкиот сектор, како што се браќата Тајлер и Камерон Винклвос, милијардери познати по инвестирањето во криптовалути.
На листата на донатори се најде и директорот на одборот на директори на компанијата на Маск, „Спејс икс“, Антонио Грасијас, кој претходно беше шеф на одборот на директори на „Тесла“, пренесува порталот „Верџ“.
Комитетот близок до Доналд Трамп го поддржаа и коосновачот на компанијата „Пеј пал“, Кенет Хаури, поранешен амбасадор на САД во Шведска за време на мандатот на Трамп, како и коосновачот на софтверската компанија „Палантир“, Џо Лонсдејл, пренесува „Танјуг“.
Вредноста на биткоинот порасна по саботниот обид за атентат врз Доналд Трамп бидејќи се верува дека ги зголеми неговите шанси за победа на ноемвриските претседателски избори во САД, јавува Си-ен-би-си.
Трамп постојано се декларира како поддржувач на развојот на пазарот на криптовалути.