Американскиот милијардер Илон Маск, кој од неодамна е дел од тимот за ефикасност на Владата на САД, на социјалната мрежа „Х“ објави твит во кој наведува дека УСАИД е криминална организација и дека е време таа да умре.

На 24 јануари, Стејт департментот одлучи да ги замрзне средствата за речиси целата американска странска помош за 90 дена, а оваа одлука се однесуваше и на работата на УСАИД.

Тогаш беше објавено дека американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот тим имаат намера да ја стават американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) под контрола на Стејт департментот, што би значело дека агенцијата повеќе нема да има автономија во донесувањето одлуки, пренесува Спутник.