Според биолозите, долговечноста е сосема очекувана во идеални услови. Дефиницијата за идеални услови зависи од човек до човек.
Некои можеби ќе кажат дека најважна е генетиката. Но дури и ако вашите предци не живееле долго, тоа не значи дека и вие ќе живеете исто колку нив. Генетиката може да ви пружи најмногу 30% од очекуваниот животен век.
Сè останато зависи од вас. Останатите фактори се под ваша контрола, како што се однесувањето, исхраната и начинот на живот.
Додека многу стогодишници тврдат дека исхраната, вежбањето и здравиот животен стил допринеле за нивната долговечност, други луѓе целосно ги рушат тие теории.
Еден од нив е и 125-годишниот старец од Либан, Сулиман Ал-Мул, кој, патем речено, секојдневно пуши цигари повеќе од 40 години.
Тој е многу енергичен и подвижен, готви, цепа дрва, пешачи по 3 километри дневно и има седумгодишен син.
Двапати се женел, неговата прва сопруга починала по 70 години живот и со неа имал седум деца. Сега живее со втората сопруга, која тврди дека тој сè уште гледа по други жени.