Министерот за надворешни работи на Германија, Хеико Мас, побара да се намали зависноста на европската економија од американскиот долар.
Токму затоа тој е во кампања за зајакнување на европската автономија. Во денешната колумна во „Ханделсблат“ Мас бара независни канали за вршење на плаќања, а тоа вклучува формирање европски монетарен фонд и независен Свифт систем за плаќање, нешто што се обидуваат да го восостават Русите.
Според Мас, Унијата генерално ја поздравува потребата од поголема независност од Америка во смисла на пример на санкциите кон Иран во меѓународниот платен систем.
„Мислам дека предлогот е вреден за разгледување“, изјави портпаролот на парламентарната група ЦДУ/ЦСУ, Јирген Хард.
Како и да е, се предупредува дека притоа мора да се земе предвид дека Германија и САД се трговски многу испреплетени во платниот систем Свифт кој сега е во финкција. Тој, исто така, е и средство за контролирање на финансирањето на тероризмот.
Инаку, околу 60 проценти од светската трговија се одвива во долари. Тоа значи дека на компанијата и на банките им треба пристап до доларот, па од таму и до американскиот пазар. Системот Свифт е поврзан со 10.000 банки во светот.
Што се однесува до доларот како платежно средство, на пример Турција 60 проценти од својот увоз го извршува во долари, иако само 7 проценти од увозот е од Америка. Земји како Јужна Кореа, Јапонија и Австралија дури 80 проценти од увозот го плаќаат во долари.