Кога имала пет години, таа видела бездомник во Брементон, Вашингтон, каде што живее, па ја прашала мајка си дали може да му помогне.

Нејзината мајка се согласила на тоа и Хејли добила нов пријател, Едвард.

„Мислам дека секој треба да има место за живеење“, изјави Хејли за „Кинг 5 њуз“.

Нејзиниот план за оваа година е да одгледа 113 килограми храна, да направи 12 засолништа и да испорача илјадници средства за хигиена на бездомници.

За да и помогнат за нејзиниот план, Хејли отвори сметка на Амазон и започна со собирање на донации преку кампањата „GoFundMe“.